Барселона спречи „бламажа“ против храбриот Интерсити (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното се пласираа во осминафиналето на шпанскиот „Копа дел реј“ откако во неверојатно интересен меч славеа на гостувањето кај нисколигашот Интерсити со 3-4 по продолженија.

Храбрите домаќини дури двапати успеваа резултатски да се вратат во натпреварот против големиот фаворит, но немаа сила за ништо повеќе.

Каталонците поведоа со 0-1 со погодокот на Араухо уште во 4. минута. Домаќините на 1-1 израмнија преку Солдевила во 59. минута. Ново водство за гостинот донесе Дембеле во 67. минута, а седум минути подоцна домаќините повторно се вратија во игра со вториот гол на Солдевила. Барселона повторно поведе (2-3) со голот на Рафиња во 77. минута, а домаќините повторно израмнија со третиот погодок на Солдевила во 86. минута.

Сепак, во продолженијата Барселона успеа да го урне отпорот на противникот и со голот на Ансу Фати во 104. минута да стигне до конечен триумф од 3-4.

Intercity 3 – [4] Barcelona – Ansu Fati 104′ from soccer

Се вчитува...