Барселона тргнува во офанзива по потписот на Пол Погба

Каталонскиот гигант Барселона тргнува во офанзива по потписот на ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Погба. Договорот со „црвените-ѓаволи“ на Французинот му истекува на крајот на тековната сезона, па поради тоа Барселона ќе се обиде да направи се што е во нејзина моќ без обештетување да го доведе одличниот играч за врска на „Камп ноу“.

Погба во Манчестер Јунајтед се врати во 2016 година кога стигна од редовите на Јувентус, но не го прикажа тоа што се очекуваше. Прво имаше проблеми со Жозе Мурињо, а очигледно е дека во последно време нема најдобар однос ниту со Оле Гунар Солскјер. Тој не планира да го продолжи договорот со клубот од „Олд Трафорд“, па затоа еКаталонците веќе почнаа со мисијата да го доведат во своите редови.

Погба во вториот мандат во Јунајтед забележа 111 настапи на кои постигна 25 гола.

Се вчитува...