Барселона триумфално против Зенит, Милано подобар од Олимпијакос

Барселона стигна до рутински триумф над Зенит од 85-81 во 22. коло во кошаркаркарската Евролига. Каталонците доминираа во првите три четвртини, по што следеше мал пад во последната во која пет минути не постигнаа поени, но сепак и малата криза не беше доволна за враќање на рускиот тим во мечот. Дејвис со 18 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Зубков заврши со 15 поени.

Милано го совлада Олимпијакос со 90-79. Пантер со 27 поени беше најзаслужен за победата на италијанскиот клуб, додека кај поразените Везенков заврши со 18 поени и десет скока.

Се вчитува...