Барселона во голема загуба поради корона-кризата

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека во сезоната 2019/2020 имале загуба од 97 милиони евра. Каталонскиот клуб годината ја затвори со приход од 855 милиони, што е 203 милиони помалку од предвидените 1.059 милијарди евра.

Загубата се случи поради пандемијата од коронавирусот која ја поремети работата во целиот свет. Клубот претрпе големи финансиски загуби поради тоа што играше натпревари без навивачи, а нагло паднаа и приходите од телевизиските права и продажбата на фудбалерите.

Исто така спортскиот колектив Барселона заработува голема сума на пари од посета на туристи на стадионот, но како поради пандемијата се намалија патувањата годинава заработувачката падна за 90 проценти.

Се вчитува...