Барселона во јануари тргнува по потписот на Антонио Рудигер

Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде во зимскиот преоден рок на „Камп ноу“ да го доведе германскиот интернационалец Антонио Рудигер. Рудигер не е во плановите на Френк Лампард во Челси, па затоа се очекува Германецот веќе во следниот преоден рок да го напушти клубот.

Како прв фаворит се споменува Барселона која сезонава има очигледни проблеми во одбраната. Жерар Пике веќе не е во препознатливата форма, а Самуел Умтити е повеќе повреден отколку здрав по Светското првенство во Русија во 2018 година.

Рудигер во Челси стигна во 2017 година од редовите на Рома. За клубот од „Стемфорд бриџ“ забележа 80 настапи, а пет пати се запиша и во листата на стрелците.

Се вчитува...