Непродолжувањето на договорот со Ливерпул на Мохамед Салах, е „аларм“ за екипата на Барселона да стапи во контакт со Египќанецот и да го ангажира во своите редови. Според информациите, Ерлинг Халанд е веќе „заборавен“ од „Каталонците“, со оглед дека е се поблиску до трансфер во Манчестер Сити, и сега сите погледи се вперени кон Салах.
Салах одби нов договор со тимот од „Енфилд“ и можно е на лето да си замине од клубот и да се пресели во друг клуб. За него има голем интерес и од други клубови, меѓу кои и Реал Мадрид.
Крилниот фудбалер има договор со Ливерпул до 2023 година, и летниот преоден рок е последна шанса „црвените“ да заработат нешто од него. Неговата вредност е проценета на 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА