Иако испадна од Европа, Барселона оди кон титулата во шпанска Ла Лига. Токму од тука „каталонците“ сакаат да го „врзат“ својот тренер Чави, и да му понудат нов договор.
На легендата на Барселона договорот му истекува во 2024 година, но тимот е подготвен да му ја продолжи соработката, со повисока плата.
Експертот за трансфери Фабрицио Романо, пишува дека Чави ќе го добие новиот договор кога ќе го подигне трофејот во Шпанија, а раководството паралелно работи и за новите засилувања.
Чави на „Ноу Камп“ дојде во 2021 година, а во својата прва цела сезона е на пат да ја освои титулата, со оглед дека на првото место има 12 бодови повеќе од главниот ривал Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА