Барселона заработува од COVID-19 (ФОТО)

Барселона која генерира повеќе пари од бил кој клуб во Европа, деновиве покажа и зошто е тоа така. Клубот зарботи 18 милиони евра од продажба на брендирани маски за заштита од коронавирусот. Ситуацијата со COVID-19 во Шпанија отвори прилика која Барселона знаеше да ја искористи на најдобар можен начин. Маските се локално произведени од 100 проценти еколошки материјали. Гарантираат заштита дури и по 40 перења. За секој од дизајните има и по три големини.

Со најавениот почеток на Ла Лига на 12.јуни, комерцијалната машина е повторно во погон во каталонскиот гигант. Маските се продаваат на пет локации вклучувајќи го и аеродромот во Барселона. Ако има интерес клубот ќе произведува маски уште во девет дизајни. „Да им се излезе во пресрет на навивачите“, велат од клубот.

Барселона како и неколку други шпански клубови ги понуди стадионите и тренинг-центирте на шпанската влада во времето на кризата која однесе 26.000 животи во државата. Барселона донираше во шпанскиот здравствен државен систем и на УНИЦЕФ.

 

 

Се вчитува...