Барти доби наследничка – Ига Швјонтек го презеде лидерското место на ВТА листата!

Полската тенисерка Ига Швјонтек ќе стане прва во светот по завршувањето на турнирот во Мајами, благодарение на победата над Швајцарката Викторија Голубиќ во второто коло на Флорида.

Првото место на ВТА листата остана празно пред неколку дена кога Австралијката Ешли Барти изненадувачки објави дека се пензионира на 26 години. Веднаш потоа беше јасно дека една победа ја дели Ига да ја наследи, а полската тенисерка ја искористи првата прилика и на рутински начин успеа да дојде до потребниот триумф, славејќи против Голубиќ со 6-2, 6-0.

Швјонтек официјално ќе стане најдобра во светот на 4 април, кога името на Барти ќе биде тргнато од ВТА листата. На тој начин, Ига ќе испише нови страници на историјата, бидејќи ќе стане првата тенисерка од Полска која стигнала до првото место на листата, но и првата тенисерка родена во 21 век на која тоа и успеало.

 

 

 

Се вчитува...