Барти е прва финалистка на Австралија опен

Првата носителка во женска конкуренција Ешли Барти се пласираше во финалето на Австралија опен, откако во полуфиналниот меч ја прегази Американката Медисон Киз со 2-0, по сетови 6-1 и 6-3.

Барти во првиот сет на противничката и дозволи само еден гем, додека во вториот Киз освои два гема повеќе. Во финалето домашната тенисерка ја чека подобро од вториот полуфинален дуел во кој ќе се сретнат Даниеле Колинс од САД и полската тенисерка Ига Швјонтек.

Машките полуфинални двојки на програмата се утре, а таму ќе се сретнат Надал – Беретини и Циципас – Медведев.

Се вчитува...