Барти е родена шампионка – се откажа од тенис, сега растура во голф

Ешли Барти ја шокираше тениската јавност со објавата дека ја прекинува кариерата во моментите кога се наоѓаше на првото место на ВТА-листата, како причина наведувајќи ја недоволната мотивација за врвни резултати што ја чувствувала веќе извесно време.

Австралијката во меѓувреме си најде нов предизвик и реши да се посвети на голфот. Очигледно, Барти е одлична и во овој спорт откако викендов триумфираше на турнирот во Бруквотер, најавувајќи го своето учество на уште посилни турнири во периодот што следи.

Факт е дека турнирот на кој учествуваше Барти беше полу-аматерски, но леснотијата со која таа беше далеку подобра од противничките придонесе екс-тенисерката да почне да размислува и за професионална кариера.

„Ешли Барти има неверојатен замав. Ако некогаш реши да се занимава со голф, не се сомневам дека ќе биде многу успешна“, изјави уште пред неколку години легендарниот Тајгер Вудс, изјава на која јавноста сега се потсетува, откако Австралијката реши да се проба и во овој спорт.

Се вчитува...