Барти ги пропушта Индијан Велс и Мајами

Ешли Барти, најдобрата тенисерка на светот ќе ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами. Австралијката, која одлично ја започна сезоната, со триумф на првиот Грен слем сезонава во Мелбурн, истакнува дека се уште не се опоравила од таа победа.

Барти требаше да ја брани титулата што ја освои минатата година во Мајами. И покрај тоа што ќе ги пропушти двата големи турнири во Америка, таа речиси сигурно ќе го задржи првото место на ВТА листата. Крејчикова, Контвајет, Швјонтек и Сабаленка можат да ја престигнат, но под услов една од нив да ги освои Индијан Велс и Мајами.

„Моето тело се уште не е подготвено. Не успеав да ги одработат вистинските подготовки за Индијан Велс и Мајами. Не сум на нивото да се борам за врвен резултат и затоа решив да се повлечам од двете натпреварувања. Ги сакам овие турнири, но поважно ми е да го спасам своето тело“, изјави Барти.

 

 

 

Се вчитува...