Барти и Киз први полуфиналистки на Австралија опен

Првата носителка Ешли Барти и Американката Медисон Киз се пласираа во полуфиналето на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен. Домашната тенисерка на убедлив начин стигна до полуфиналето совладувајќи ја Американката, Џесика Пегула со 2-0, по сетови 6-2 и 6-0.

Претходно во првиот натпревар на централниот терен во Мелбурн парк од програмата во сингл конкуренција Медисон Киз беше подобра од четвртата носителка Барбора Крејчикова исто така со максимални 2-0 (6-3 и 6-2).

Втората полуфинална двојка кај дамите ќе ја дадат дуелите меѓу Колинс – Корне и Швјонтек – Канепи кои на програмата се утре.

Се вчитува...