Барти ја симна Свитолина од тронот на ВТА шампионатот

Ешли Барти ја комплетираше својата феноменална година искачувајќи се на тронот на ВТА-шампионатот што се игра во Шенжен. Таа во денешното големо финале славеше над Јелина Свитолина, совладувајќи ја ланската шампионка со 2-0 во сетови.

Свитолина влезе во финалето со серија од десет победи на ВТА-шампионатите, но денеска беше немоќна против Барти. Австралиската тенисерка го доби првиот сет со 6-4, а потоа имаше и помирна рака во драматичниот втор сет. Имено, Свитолина прва дојде до брејк и поведе со 1-2, Барти возврати со два брејка во низа, за на крајот Австралијката да стигне до конечни 6-4, 6-3.

Барти ќе ја заврши годината како прворангирана светска тенисерка, воедно за овој триумф ќе заработи и парична награда од 4,4 милиони долари, што е рекорд во женскиот тенис.

Се вчитува...