Барти ќе ја предизвика Свитолина за круната на ВТА-шампионатот

Елина Свитолина и Ешли Барти ќе се сретнат во утрешното финале на ВТА-шампионатот во Шенжен, откако двете излегоа како победнички од денешните полифинални пресметки.

Свитолина, која воедно е и бранителка на трофејот, се најде во финалето откако Белинда Бенчич во третиот сет го предаде полуфиналниот меч. Откако во првите два сета резултатот гласеше 1-1, Свитолина поведе со 4-1 во решавачкиот сет, по што ривалката жалејќи се на грчеви го предаде дуелот.

Барти во втората полуфинална пресметка се сретна со Каролина Плишкова, враќајќи се од негатива од 0-1 во сетови и на крајот триумфирајќи со 4-6,6-2, 6-3.

Се вчитува...