Барти „маестрално“ го стартуваше походот кон титулата на Австралија опен

Првата носителка на Австралија опен, Ешли Барти на маестрален начин го стартуваше походот кон титулата на првиот гранд-слем турнир во сезоната. Домашната тенисерка на Лесија Цуренко во воведната рунда и дозволи само еден гем добивајќи ја за 56 минути со 2-0 по сетови (6-0 и 6-1).

Шампионката од 2020 година, Софија Кенин го заврши настапот уште на самиот старт откако во дербито на рундата беше поразена од сонародничката Медисон Киз со 2-0, по сетови 7-6 и 7-5. Пласман во второто коло во женска конкуренција обезбедија и: Наоми Осака, Викторија Азаренка, Барбора Крејчикова, Марија Сакари, Елина Свитолина, Белинда Бенчиќ.

Се вчитува...