Ерлинг Халанд сигурно е еден од најдобрите млади фудбалери во светот, а со своите игри во дресот на Борусија Дортмунд секојдневно ја воодушевува јавноста. Халанд вниманието на себе го привлече минатата година со игрите во австрискиот Салцбург, по што премина на „Сигнал Идуна“ парк. Норвежанецо во Салцбург стигна во јануари 2019 од Молде, а голема грешка направиле од Барселона кои исто така ги следеле неговите игри во Норвешка.
„Можевме да го донесеме Халанд и тоа е вистина. Не го направивме тоа бидејќи ни беше кажано дека тој не е фудбалер за Барселона. Разбирам дека Бартомеу ги игнорираше сите совети од останатите членови на клубот, но правеше и некои криминални одлуки како таа за Халанд и Боатенг. Сите знаеме како тоа заврши го доведе Боатенг, а сега Халанд дава голови“, изјави поранешниот директор на Барселона, Хавиер Бордас.
Доаѓањето на Боатенг беше вистинско промашување, бидејќи искусниот напаѓач не се наигра во шесте месеци кои ги помина на „Камп ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА