Бартомеу: Добивав закани по мојот живот, последното нешто што го направив за Барса е…

Жозеп Бартомеу поднесе оставка од претседателската функција во Барселона, за неславен крај на раководењето со каталонскиот гигант, ера што ќе остане запаметена по неверојатниот конфликт со Лионел Меси. Тој на прес-конференција изјави дека добивал закани по животот, но и дека последното нешто што го направил како претседател е нешто што ќе му помогне на клубот.

„Чест беше тоа што бев прв човек во голем клуб како Барселона. Жално е што добивав закани по мојот живот и животот на моето семејство. И покрај се, последното нешто што го направив како претседател е за доброто на клубот. Потпишав се што е потребно за учество во идната Суперлига на Европа, која ќе ни гарантира економска стабилност. Исто така денеска го прифативме и новиот формат на Светското клупско првенство“, изјави Бартомеу. 

Ерата на Бартомеу заврши со пораз, како последен ќе му биде запишан оној на „Ел Класико“ од Реал Мадрид.

Се вчитува...