Бартомеу го напушти бродот што тоне – Барселона пред банкрот!

Жозеп Марија Бартомеу на секој можен начин ја урна Барселона и замина. Каталонските медиуми пренесуваат за големи проблеми во буџетот на клубот со напомена дека фудбалерите мора да прифатат намалување на платата инаку Барселона веќе во јануари би можела да прогласи банкрот.

Проблемот е во тоа што Бартомеу не смееше јавно да ја соопшти оваа вест бидејќи неговото заминување ќе беше многу полошо од само достојно давање на отказ. Бартомеу остави привремена управа која мора во пет до 12 да ја решава целата ситуција, која е и повеќе од критична.

Наводно, клубот има рок од пет дена да постигне договор со фудбалерите за намалување на платата во вкупен износ од 190 милиони евра инаку касата ќе биде потполно празна и во јануари ќе мора да се прогласи банкрот.

Се вчитува...