Бартомеу: Не можев да дозволам Меси да замине

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, изјави дека едноставно не можел да дозволи Лионел Меси да го напушти клубот.

„Нема да се расправам со Меси. Тој е наш капитен и лидер на тимот. Не можев да му дозволам да го напушти клубот бидејќи тој е најдобриот фудбалер во историјата. Ако го имате Меси нормално е трофеите да си дојдат сами по себе. Треба да ни честитаат за тоа што успеавме да го задржиме. Најдобриот фудбалер во светот мора да остане во Барселона“, изјави Бартомеу. 

Меси поради незадоволство бараше да замине од клубот во кој е 20 години, но на крајот остана поради договорот кој го обврзува уште една сезона да биде дел од Каталонците.

Се вчитува...