Бартомеу: Никогаш не размислував да поднесам оставка, а ситуацијата со Меси…

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу истакна дека во ниту еден момент не помислил да го напушти клубот, откако шпанските медиуми шпекулираа дека во текот на вчерашниот ден тој ќе поднесе оставка.

„Никогаш не размислував околу тоа да поднесам оставка. Тоа би било многу неодговорно. Во тек на пандемијата мора да се носат одговорни одлуки. Ме обвинуваа дека сакам да го продадам Меси поради финансиски причини. Тоа не е точно. Ги бранев само интересите на клубот, одбив Меси да замине кај некој од нашите ривали. Разбирам дека можеби е лут што не замина, но му објаснив и него и на неговото семејство дека тој е клучната алка во проектот на Куман“, изјави Бартомеу. 

За потсетување, референдумот околу гласање на недоверба на раководството треба да се одржи на 15. и 16. ноември, а доколку тогаш нема никакви промени, редовните избори треба да се одржат во март следната година.

Се вчитува...