Бартомеу повторно удри по Нејмар

Жозеп Бартомеу ги бележи последните денови на „Камп Ноу“, но не планира да замине тивко, а на неговата мета повторно е Нејмар. Како што пренесува шпанскиот Мундо, управата на Барселона побарала од својот поранешен фудбал да врати 10 милиони евра, кои наводно по лоша пресметка на данок, биле префрлени на сметката на Бразилецот.

Најинтересно е тоа што истото е уште од пред трансферот на сега 28-годишниот напаѓач во редовите на ПСЖ. Пропустот е увиден по даночната инспекција која дури сега утврдувала за расходите до 2015. година, при што е утврдено дека Бразилецот добил повеќе пари отколку што требало.

Доколку Нејмар не се „смилува“ и ги врати парите на Барселона, истите ќе се водат како поклон за фудбалерот.

Се вчитува...