Бартомеу: Затворањето на стадионот ќе не чини шест милиони евра

Претседателот на Барселона, Хозеп Марија Бартомеу, обелодени колку каталонскиот клуб ќе загуби поради тоа што реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Наполи ќе го игра пред празни трибини поради епидемијата од коронавирусот.

Шпанија донесе одлука по која сите спортски натпревари до април мора да се играат пред празни трибини. За Барселона тоа ќе биде најголем проблем, бидејќи за еден од најатрактивните натпревари сезонава, реваншот против Наполи нема да смеат да продадат ниту една карта.

„Постои економски губиток, не само за Барселона туку за секој клуб. Секој го има тој проблем, но парите се секундарни, здравјето е на прво место. Барселона ќе изгуби шест милиони евра, но мораме да живееме со тоа“, изјави Бартомеу. 

Натпреварот меѓу Барселона и Наполи е закажан за следната среда, а првиот меч во Неапол заврши без победник 1-1.

Се вчитува...