Башакшехир го повлече бројот „12“ во чест на Реџеп Таип Ердоган

Башакшехир ја прослави првата титула во турскиот шампионат. Тимот има голема поддршка од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган кој во него вложува голема сума на пари. Пред шест години Башакшехир го одигра првиот меч на новиот стадион „Фатих Терим“, а во славеничкиот натпревар тогаш некоја минута одигра и Ердоган. Тој го носеше дресот со број „12“, а на натпреварот успеа да постигне три гола.

Колку е Ердоган почитуван во клубот покажа синоќешната прослава на која од Башакшехир одлучија да го повлечат дресот со број „12“ кој турскиот претседател го носеше пред шест години.

Првиот човек на клубот, Гоксел Гумусдаг, изјави дека на овој начин сака да му се заблагодари на Ердоган кој секогаш верувал во клубот и му пружал безрезервна поддршка сите овие години.

Се вчитува...