Челниците на Манчестер сити и официјално поднесоа жалба на одлуката на Независната комисија на Премиер лигата која ги прогласи за виновни по 115 точки од обвинението за прекршување на финансиските правила во периодот од 2009 до 2018 година.
Денеска, петок, беше последен ден за поднесување жалба на одлуката и челниците на „граѓаните“ го сторија тоа уште синоќа, а денеска објавија за таквата одлука.
„Фудбалскиот клуб Манчестер сити во четврток, 1 октомври 2026 година во 19 часот поднесе жалба на мислењето на независната комисија на Премиер лигата во врска со дисциплинската постапка. Цврстиот став на нашиот клуб е дека, од повеќе причини, мислењето содржи јасни материјални и правни грешки. Клубот не е виновен по обвиненијата кои му се припишуваат и постојат непобитни докази кои ги поддржуваат нашите ставови во врска со овој случај. Ќе продолжиме да ја почитуваме законската постапка и тоа што смееме да го објавиме во јавноста се додека не заврши постапката“, стои во денешното соопштение на клубот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
