Вечерва ќе се одиграат два натпревари во А дивизијата во Лигата на нации, а во фокусот ќе биде дуелот меѓу Франција и Италија поради селекторот Зинедин Зидан.
Фудбалските фанови се сеќаваат на инцидентот пред 20 години, во финалето на Светското првенство во кое се сретнаа токму овие две селекции и во кое Зидан со глава го удри Марко Матераци по што заработи црвен картон, а подоцна „аѕурите“ по подобро изведување на пенали ја освоија титулата и по четврти пат станаа светски шампиони.
Зидан пред дуелот со Италијанците, се потсетува на тој момент и открица дека оттогаш не прозборел со Матераци.
„Тоа се моменти кои не може да се заборават. Често ми се враќаат мислите, но мојата кариера не се сведува само на тој момент. Не сум горд на тоа што се случи, и во минатото зборував, а сега уште еднаш ќе повторам, не може во животот да се прават само идеални работи. Во исто време, не се каам за тоа што го сторив. По тој момент во Берлин, никогаш не прозборев со Матераци. Точно е дека со црвениот картон ставив точка на мојата репрезентативна кариера, но добив дополнителен мотив еден ден да се вратам како селектор“, изјави Зидан.
Франција по две кола во новото издание на Лигата на нации има две победи, додека Италија има по еден пораз и победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
