Недим Хаџиќ, напаѓач кој доаѓа од БиХ, е нов фудбалер на Башкими. Станува збор за 26-годишен фудбалер, кој е класична „деветка“ и ќе биде задолжен за голови во повратникот во Првата лига на Македонија.
Хаџиќ доаѓа од редовите хрватски Оријент, а претходно има големо искуство со играње во Сараево, Младост Какањ, Слобода Тузла, Вележ и ГОСК. Има и интернационално искуство во Словенија, за екипата на Радомље, а во Хрватска освен за Оријент, играл и за Славен Белупо. Кратко бил дел и од португалски Лешоеш.
Станува збор за поранешен младински репрезентативец на БиХ, и играл во селекциите до 21 година, до 19 и помладите. Особено се истакнува во селекцијата до 19 години, каде на 12 меча постигнува седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА