Новиот македонски фудбалски прволигаш Башкими ја информираше јавноста дека на барање на тренерот кој ги внесе во елитата Баже Јанакиевски, од лични причини, соработката меѓу страните е прекината.
„Во овој момент на разделба, не можеме а да не го истакнеме и од срце да му се заблагодариме на тренерот Јанакиевски за големиот придонес што го даде за нашиот клуб, особено во еден од најважните моменти во историјата на Башкими – влегувањето во Првата лига по полни 17 години отсуство. Овој историски успех го носи и неговото име, како тренер кој го водеше тимот со посветеност, дисциплина и професионализам кон цел што долго време беше само сон. КФ Башкими 1947 му посакува на тренерот Јанакиевски понатамошен успех во неговата кариера и секогаш ќе го памети со почит и благодарност за неговата незаменлива улога во ова достигнување“, стои во соопштението на Башкими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА