Екипата на Баскет кам е првиот финалист во плеј-офот во женска сениорска конкуренција. И во вториот натпревар од полуфиналето екипата од Македонска Каменица беше подобра од својот ривал, МЗТ Скопје Аеродром.
До втората и решавачка победа во серијата избраничките на Жаклина Стојановска стигнаа со убедлив триумф, на гостински терен (77-60), доволен да ја затворат серијата и да обезбедат уште еден настап во големото финале во кој ќе ја бранат шампионската титула.
Баскет кам до гостинскиот триумф беше предводен од Кметовска со 18 поени, Димова запиша 15 поени а Максимовска заврши со 13 постигнати поени. Во домашната екипа која ја заврши сезоната со одличен резултат, Алексова реализираше 16 поени, додека Димовска и Мариновска додадоа по 11 поени.
Кој ќе биде противник на актуелниот шампион во финалната серија ќе биде познато овој викенд, по одигрувањето на третиот и решавачки натпревар во втората полуфинална пресметка, меѓу екипите на Крива Паланка и Бадел 1862.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА