Басконија го „уништи“ Анадолу Ефес

Шпанска Басконија стигна до изненадувачки убедлив триумф од 59-77 на гостувањето во Турција, кај Ефес Пилсен. Домаќините единствено беа подобар противник во првата четвртина која ја добија со 20-17. Во вториот период следуваше далеку подобра игра на гостите, а на семафорот по 20 минути стоеше резултат 37-42.

Во второто полувреме продолжи одличната игра на шпанскиот тим особено во одбраната што на крајот резултираше со убедлив триумф од 59-77.

Најдобор поединец во победничкиот табор беше Алек Питерс со 18 поени, надополнети со 7 скока и 3 асистенции. Кај поразените потфрлија буквално сите, а најмногу поени на крајот имаше Шејн Ларкин кој уфрли само 8.

Се вчитува...