Баслер „удри“ по ѕвездата: За жал, тој ќе остане во Баерн Минхен

Легендата на германскиот фудбал Марио Баслер, упати серија на критики врз играчот од средниот ред на Германија, Џошуа Кимих. После натпреварот со Украина исто така го критикуваше и селекторот Ханс Флик, за кого кажа дека „полека ја губи работата“.

Баслер го критикува Флик поради многуте експерименти, и покрај тоа што селекцијата е веќе пласирана на следното Европско првенство во кое ќе биде домаќин, и сега игра само пријателски мечеви.

„Едноставно, мислам дека играчите кога играат покрај Кимих се многу лимитирани, и тие се плашат кога тој игра. За жал, тој ќе остане во Баерн Минхен и потоа ќе морам да продолжам да го критикувам се додека конечно не го одигра она кое од него се очекува и во клубот и во репрезентацијата“, рече Баслер, кој, сепак, напомена дека Кимих е добра личност, но дека не ја работи својата работа најдобро.

Баслер смета дека Гундоган во овој момент е далеку подобар од Кимих.

„По мене Гундоган е водечки играч, затоа што многу работи дефанзивно. Неговиот фудбал е многу подобар од оној на Кимих“, напомена Баслер.

Се вчитува...