Батлер до Јокиќ: Дојди да се пресметаме!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ синоќа се најде во центарот на вниманието откако е исклучен на мечот против Мајами Хит. Денвер пред своите навивачи дојде до победа против Мајами Хит со 113:96, а најдобар во екипата беше токму Србинот со 23 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Но, неговата одлична партија остана во сенка на инцидентот откако во финишот на натпреварот ги загуби нервите поради фаул на Маркиеф Морис. Морис на центарот на теренот го фаулираше Јокиќ, а тоа не му се допадна на Србинот кој шестоко го удри Морис од зад грб, а потоа беше исклучен.

Овој потег не им се допадна ниту на останатите кошаркари на Мајами, особено на Џими Батлер кој во еден момент замина кон клупата на Денвер и ги повика Јокиќ физички да се пресметаат.

Батлер бил набрзо смирен, но му кажа на Јокиќ дека го чека во соблекувалната по мечот.

Се вчитува...