НБА: Јокиќ предизвика страшен инцидент во финишот против Мајами (ВИДЕО)

Денвер го победи составот на Мајами со 113:96, но натпреварот остана во сенка на инцидентот кој го предизвика Никола Јокиќ кога грубо реагираше на прекршок на Морис, и притоа Србинот доби исклучување.

Српскиот кошаркат имаше одличен настап што се однесува до играта, но срамно реагираше на прекршок на противнички играч, кој остана да лежи на паркетот. Тренерите и играчите успеаја да спречат поголем инцидент. Ова сиугурно ќе има последици, но сосема е извесно дека Србинот го чека суспензија.

Денвер од самиот старт ја превзеде иницијативата и како одминуваше времето, само ја зголемуваше предноста. Гостите во финишот успеаја само да ја намалат разликата.

Далас славеше над Њу Орлеанс со 108:92. Маверикс предводен од Лука Дончиќ, кој имаше 25 поени и пет скокови и пет асистенции, успеа да слави триумф.

Најнеизвесно беше на натпреварите Мемфис – Минесота и ЛА Лејкерс – Шарлот, кои ги добија домаќините по продолженија.

РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Њујорк 96-103

Чикаго – Бруклин 118-95

Мемфис – Минесота 125-118 (по продолженија)

Далас – Њу Орлеанс 108-92

Денвер – Мајами 113-96

Голден Стејт – Атланта 127-113

Сакраменто – Финикс 104-109

ЛА Лејкерс – Шарлот 126-123 (по продолженија)

Се вчитува...