Батлер најавува победа пред четвртиот меч од НБА финалето

Кошаркарот на Мајами Хит, Џими Батлер е уверен дека неговиот тим ќе слави и во четвртиот натпревар од финалната серија во НБА лигата против ЛА Лејкерс и дека ќе успеат да израмнат на 2-2. Мајами во третиот дуел на крилата на Батлер кој имаше трипл-дабл победи со 115-104 и успеа да намали на 2-1.

„Ќе победиме. Ќе се бориме и нема да се предадеме. Ќе израмниме на 2-2“, изјави Батлер. 

Четвртиот натпревар од финалната серија меѓу Лејкерс и Хит на програмата е вечерва во три часот по полноќ

Се вчитува...