Баутиста предаде, Борна Чориќ ќе го предизвика Федерер во финалето во Хале

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ ќе игра во финалето на турнирот во Хале и ќе го предизвика Роџер Федерер. Швајцарецот не мораше мнпг да чека за да го дознае својот ривал во финалната пресметка, со оглед дека второто полуфинале траеше само пет гема.

Шпанецот Роберто Баутиста – Агут го предаде мечот против Борна Чориќ по само пет одиграни гема, откако се пожали на повреда на колкот. Тој имаше незгодно лизгање при еден поен, а потоа и дефинитивно се откажа од намерата да го доигра мечот.

Се вчитува...