Баварска тика-така: Баерн води 0-2 во Лондон (видео)

Баерн Минхен заслужено е во водство од 0-2 на гостувањето на „Стемфорд бриџ“, откако германскиот првак на стартот од вториот дел конечно го скрши отпорот на Челси.

Гостите доминираа и во првото полувреме, преку Милер ја погодија гредата, но затоа беа поумешни на стартот од второто полувреме, со два брзи погодоци стигнувајќи до одлична предност. Серж Гнабри е херојот на Баерн и на ова гостување во Лондон како и на претходното против Тотенхем, откако германскиот ас набрзина постигна два гола крај немоќниот Кавалјеро, двата на асистенција на Роберт Левандовски.


Се вчитува...