Беџети: Има преговори за враќање на Хасани во Шкендија

Претседателот на Шкендија, Висар Беџети потврдува дека новиот македонски шампион е со стартувани почетни преговори за враќање на Ферхан Хасани.

На синоќешната прослава на новата титула на Шкендија, Беџети во изјава за медиумите истакна дека Хасани е во плановите на клубот, но не може да даде повеќе информации…

„Не демантирам дека има преговори за враќање на Хасани кој е во нашите планови како засилување за настапите во Европа. Но, тоа е се што можам да кажам во овој момент“ – истакна Беџети.

Хасани замина од Шкендија на стартот од сезоната селејќи се во саудиски Ал Раед. Сега е на пат повторно да се врати во Тетово.

Се вчитува...