Бејл ја отвори душата: Не знам како може да ме исвиркуваат навивачите на Реал Мадрид

Велшкиот интернационалец Герет Бејл не се чувствува пријатно на „Сантијаго Бернабеу“ откако навивачите се свртеа против него и почнаа да го исвиркуваат на секој натпревар. Го призна тоа гостувајќи во емисијата „Ерик Андерс Ланг Шоу“. Говореше за пасијата кон голфот, за успесите на Реал Мадрид, но и се пожали на односот што го имаат навивачите со него.

„Не можам да разберам зошто навивачите ме исвиркуваат кога не ми оди најдобро на теренот. Тоа уште повеќе ме фрустрира. Кога топката не ги слуша нозете, секој фудбалер очекува да добие поддршка од трибините. Во Мадрид тоа не е така, а посебно го чувствувам на своја кожа. Секако, придонесоа за тоа и медиумите, приказните дека повеже го сакам голфот од Реал, дека не играм со срце за клубот. Нема фудбалер кој не сака да победи и да му помогне на тимот. Но, и навивачите треба да бидат на истата страна“, изјави Герет Бејл.

Велшанецот и ова лето би можел да замине од „Сантијаго Бернабеу“, а се плетат приказни за враќање во Премиер – лигата. Најголем интерес во моментот има од Њукасл кој го презеде саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Се вчитува...