Бејл му направи дупка во џебот на Перез: Го чинеше 15.000 евра по минута

Реал Мадрид може конечно да здивне. Се ослободи од огромниот трошок за платата на Герет Бејл, играчот кој особено оваа сезона немаше речиси никаков придонес во тимот на Зинедин Зидан. Со плата од 500.000 фунти пред оданочување, Велшанецот му правеше дупка во џебот на Флорентино Перез. Бејл сезонава го чинеше неверојатни 14.450 евра за секоја минута помината на теренот. Тој одигра вкупно 1260 минути во 20-те настапи се Реал во сите натпреварувања, постигна три гола, имаше и три асистенции во сезона во која постојано се мачеше со повреди.

Тој имаше два натпревара по прекинот на сезоната во пост-локдаун периодот, но штетата беше претходно направена кога тој комплетно ги расипа односите со Зидан. Останува нејасно што ќе се случува кога ќе му заврши позајмицата во Тотенхем со оглед дека договорот со Реал Мадрид му завршува во 2022 година. Тој во Мадрид дојде за рекордни тогаш 86 милиони фунти токму од Тотенхем.

 

Се вчитува...