Бејл не сака да си оди од Реал, и покрај огромната казна која му се заканува

Герет Бејл нема намера да го напушти Реал Мадрид ова лето и покрај големата казна која му се заканува поради гестикулација упатена кон навивачите на Атлетико Мадрид.

Велшанецот има уште три и пол години договор со Реал и не сака да го напушти Мадрид. А и од управата на клубот порачаа дека се задоволни од фудбалерот кој им помогна во освојувањето на Лигата на шампионите во четири од своите пет сезони колку што е во кралскиот дрес.

Бејл се очекуваше да ја преземе улогата на лидер по заминувањето на Кристијано Роналдо, но тоа не се случи. Напротив, велшкиот репрезентативец пружа многу послаби игри поради што навивачите се крајно незадоволни. Но, тој не планира и не сака заминување од клубот и покрај тоа што му се заканува казна од дури 12 натпревари суспензија поради невкусните гестикулации.

Се вчитува...