Бејл сака до крајот на кариерата да остане во Реал Мадрид

Менаџерот на Герет Бејл, Џонатан Барнет, вели дека велшкиот фудбалер сака да ја заврши кариерата во Реал Мадрид. Агентот на Велшанецот вели дека тој нема да брза со донесување одлука за заминување од клубот, туку ќе почека да дознае какви се плановите на Зидан.

„Герет сака до крај на кариерата да остане во Реал Мадрид. Доколку тоа не се случи, ќе почнеме преговори со Перез и со Зидан. Ќе видиме како ќе се движат работите“, изјави агентот на Бејл. 

На прашањето која е причината за лошиот однос и недоразбирањата меѓу Бејл и Зидан, Барнет одговори:

„Герет сакаше да игра на еден начин, Зидан на друг. Тоа беше причината за нивното недоразбирање. Со времето стануваше се полошо“, дополни Барнет. 

За Герет Бејл заинтересирани се премиерлигашите Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...