Бекам до Ибрахимовиќ: 500 гола значи дека си многу стар

Продолжуваат досетливите преписки меѓу големите пријатели Дејвид Бекам и Злзтан Ибрахимовиќ на Твитер. Поранешниот капитен на Англија во честитката во Ибрахимовиќ за 500. гол во кариерата му порача оти за да ја достигнеш оваа бројка треба да си многу стар. Бекам уште го посветува Златан да „поработи на срамежливоста“.

„Златане, сакам да ти честитам. 500 голови, каква кариера, каков играч, какво постигнување. Уживање беше да се игра покрај тебе и против тебе. Задоволство е да се биде твој пријател. 500 гола – тоа значи дека си многу стар. Ти честитам и ти препорачувам да поработиш на срамежливоста“ – вели Бекам.

Експресно стигна и одговорот од Ибрахмовиќ. Тој признава дека е стар и ветува дека ќе поработи на срамежливоста.

 

Се вчитува...