Бекам доби статуа пред стадионот на ЛА галакси (фото+видео)

Дејвид Бекам не ја криеше гордоста откако англискиот ас стана првиот фудбалер во историјата на овој спорт во САД што добива своја статуа пред стадион од МЛС-лигата. Англичанецот дојде во ЛА галакси од редовите на Реал Мадрид и го почна трендот на врвни европски фудбалери кои пред крајот на кариерата се селеа од другата страна на Атлантикот.

„Ова е нашиот град, ова е нашиот дом. Од првиот ден овде јас и моето семејство се чувствувавме како да сме дома, затоа секогаш ќе бидеме благодарни. Кога зборувам за Лос Анџелес, за ЛА галакси, зборувам како за семејство бидејќи ние навистина сме едно големо семејство“ – изјави Бекам, кој освои и две титули со овој клуб, во 2011 и во 2012 година.

 

Се вчитува...