Бекенбауер бесен: Срамота, цел свет ни се смее…

Не стивнуваат жестоките критики кон селекторот Јоаким Лев и кон германските репрезентативци по очајното издание во Севилја и преубедливиот пораз од 6-0 од селекцијата на Шпанија. Последниот што го крена гласот против покажаната игра на Германците е легендата на оваа репрезентација, Франц Бекенбауер, кој жали што оваа селекција во изминатите денови е тема на потсмев во фудбалскиот свет.

„Сите ја знаеме Германија, она што го видовме на тој меч, тоа немаше ниту ронка од германскиот национален тим. Беше тотално помрачување. Срамота, цел свет ни се смее“, истакна Бекенбауер.

Тој смета дека смена на селекторот Лев би била погрешен потег, но и дека овој стручњак ќе мора што поскоро да ги промени работите во националниот тим.

„Секако дека Лев треба да остане и да ја води репрезентацијата на ЕП 2024. Но, тоа што ќе остане не значи дека работите треба да останат исти. Напротив, Лев мора да најде начин за работите да тргнат во посакуваниот правец, вака веќе не оди“, порача поранешниот фудбалер и селектор на германската репрезентација.

Се вчитува...