Бекер го мина првиот ден во озлогласениот затвор кој е препознатлив по насилство, дрога и стаорци! (ФОТО)

Легендата на светскиот тенис Борис Бекер го мина првиот ден во озлогласениот затвор Вандсворт откако беше осуден на две и пол години затворска казна поради обид за сокривање пари и други материјални добра во вредност од дури 2,5 милиони фунти во стечајната постапка со намера да избегне плаќање на долгови.

Откако судијката Дебора Тејлор соопшти дека ќе отслужи половина од казната, и тоа во Вандсворт, многумина почнаа да го жалат што ќе биде во затворот стар 170 години во кој има повеќе од 1300 затвореници.

Затворениците таму живеат во досада затоа што 22 часа од денот мора да минат во ќелија, а многумина не може да гледаат во светлина откако ќе го напуштат затворот поради долготрајната затвореност.

„Тоа е најозлогласениот затвор во државата. Постојано слушате викање, удирање, лаење, закани, караници и плач… Како некој да ги собрал сите можни звукови и ги пуштил во исто време. Има многу малтретирање на нови затвореници, стаорци на сите страни. Нека не ве залажуваат официјалните слики, внатре е многу поразлично“ – коментира поранешен затвореник од Вандсфорт со совети за Борис Бекер како да ги минува деновите во затворската ќелија.

„А, влезот изгледа сосема исто како од 1895 година кога Оскар Вајлд беше таму поради хомосексуалност. Навистина насилен затвор, но ако седи мирен и не се меша во работите со дрога и долговите, тогаш нема да има непријатности. Само нека им се тргне од патот. Спортот многу значи таму за затворениците и можно е да го гледаат како херој и да бараат автограм од него. Ако си седи мирен нема да има проблеми“.

Се вчитува...