Бекер пред депортација од Велика Британија

Трикратниот шампион на Вимблдон Борис Бекер се соочува со нови проблеми. Додека во моментов отслужува двегодишна затворска казна во затворот Вандсворт во Лондон, поранешниот број еден дознал дека по отслужувањето на казната може да биде депортиран од Велика Британија.

Иако престојува во Лондон од 2012 година, тој нема британско државјанство, а законот вели дека сите странци кои отслужуваат затворска казна поголема од една година обично се депортираат во првата можна прилика.

Интересно е што Бекер пред седум години најави дека ќе поднесе барање за британско државјанство, но тоа не се случи. Инаку, Германецот ги минува првите десет дена во затвор во специјална единица за прием по пристигнувањето поради актуелните ограничувања во врска со коронавирусот. Дури потоа може да очекува да биде префрлен во ќелиите каде што се останатите затвореници.

Се вчитува...