Бекер: Тенисот се распаѓа…, не сакам да гледам роботи и машини на терен!

Легендарниот Борис Бекер, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, смета дека играчите денеска се однесуваат премногу безобразно на тениските терен, а санкциите не се баш најадекватни.

„И во мое време беше дозволено да покажуваме емоции, некогаш и да полудиме, но тогаш немаше социјални мрежи па сето тоа и не се одбележуваше толку. Ова денеска е навистина премногу“ – вели Бекер и продолжува:

„Тенисот е интересен спорт и навистина не сакам да гледам машини и роботи на терен, тоа ќе ја убие волјата и кај децата кои сакаат да тренираат. Ми се чини дека тенисот се распаѓа, а тоа не сакам да го гледам“.

АТП најави дека во наредниот период ќе разгледува воведување на дополнителни санкции за тенисерите кои ќе губат нерви на теренот, а посебно внимание ќе се обрнува на расправата со судиите, која е се почеста.

Се вчитува...