Беќири: Со оглед на тензиите на мечот, екипата покажа карактер за заслужен бод

Струга Трим Лум продолжува со позитивните изданија на стартот од новата сезона, овој пат во квалитетно издание ремизирајќи пред своите навивачи со Шкупи.

Стружани можеа повторно и до триумфот, но недостастокот на среќа во клучните моменти влијаеше на резултатот на крајот. Шефот на стручниот штаб Јетон Беќири е задоволен, кога ќе се погледнат сите случувања на теренот, иако вели дека има простор за подобрување на играта. Во повеќе од тензичниот натпревар Беќири во финишот доби и исклучување па од трибините ги проследи последните мигови на дуелот…

„Ако се погледнат сите случувања во текот на натпреварот, на крајот мора да бидеме задоволни. Имаше многу тензии во текот на средбата но тоа не ја измести екипата која покажа карактер и бодот го заслужи во целост. Може да бидеме задоволни од досегашниот тек на првенството, но сигурен сум дека има простор за дополнување на формата. Може да бидеме подобри од натпревар на натпревар“ – вели Беќири.

Се вчитува...