Беласица ги промовираше првите три засилувања: Митев, Стојков и Коцев меѓу струмичани

Лидерот по есенскиот дел во Втората лига – Исток, екипата на Беласица ги промовираше првите три засилување за продолжението од шампионатот. Роберт Митев, Давид Стојков и Васко Коцев се новите три имиња меѓу струмичани.

Крилениот офанзивец Роберт Митев доаѓа од ФК Тиквеш, каде изминатите две години беше стандарден првотимец и еден од најдобрите играчи меѓу кавадарчани.

18-годишниот Давид Стојков доаѓа од ФК Академија Пандев и игра на стоперската позиција, додека 18-годишниот Васко Коцев е фудбалер од средниот ред, а исто така доаѓа од редовите на ФК Академија Пандев.

Се вчитува...