Беласица и Брегалница ремизираа без голови во дербито на Истокот

Брегалница ремизираше без голови на гостувањето против Беласица во дерби натпреварот од 8. коло во Втората лига – Исток.

Низ главно израмнет натпревар, со шанси и на двете страни, отворен фудбал но без погодоци аспирантите за водечките позиции на табелата на крајот ги поделија бодовите.

Во финишот на натпреварот Брегалница играше и со фудбалер помалку по исклучувањето поради втор жолт картон на младиот Јован Манев во 83. минута.

И покрај тоа Брегалница во 86. минута имаше одлична можност да стигне и до победа, но пред офанзивците на штипјани убаво реагираше домашниот голман. Имаше шанса на спротивната страна и Беласица, но резултатот остана оној почетниот.

Се вчитува...